Осветена црква во с. Сулдурци – Радовиш

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/suldu//

На 14. 11. 2010 година, 25 – та Недела по Педестница, Св. Козма и Дамјан (св. Врачи); св. мч. Јаков Костурски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, ја освети новоизградената црква посветена на Св. пр. Илија во с. Сулдурци – Радовиш и отслужи Света Архиерјска Литургија.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа во која ја искажа Својата радост за изградбата на овој прекрасен Божји дом и на сите што помогнаа во изградбата на овој свет храм им додели Благодарници и Пофалници од името на МПЦ – Брегалничка епархија.

На чинот на осветувањето присуствуваше многуброен православен народ како и преставници од Општинита Радовиш и личности од Јавниот и Приватниот сектор.