Преосветување на црква „Св. Николај“ во с. Мечкуевци – свети николско

image

На 22. 05. 2011 година, Недела 5 – та за Самарјанката, пренос на мошт. на св. Николај во Бари, св. Христофор и по повод 165 години од осветувањето на црквата Св. Николај во с. Мечкуевци – Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, ја преосвети црквата Св. Николај во с. Мечкуевци и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа повикувајќи ги луѓето на меѓусебна Христова љубов и на сите кои допринесоа за да се преосвети црквата им се заблагодари и им додели Благодарници и им го честита преосветувањето на верниците од село Мечкуевци. По ова Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.