Литургија во село Древено Пробиштип

Архиерејска Литургија во с.Древено - Пробиштип

На 20. 01. 2010 година Собор на Свети Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Јован Крстител” во с. Древено – Пробиштип, во сослужение на Игуменот на манастирот отец Дамаскин со братството и прохискиот свештеник протоереј

Владимир. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа и го причести верниот народ со Телото и Крвта Христови, изврши мал водосвет и го благослови и пресече славскиот колач.