Прочка во Свети Николе

Прочка во Свети Николе

На 14. 02. 2010 година, Недела Сиропусна – Велики Поклади – Прочка, кога се празнуваше празникот Сретение Господово и Св. мч. Трифун, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во храмот Св. Николај во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија.

По Светата Литургија Митрополитот г. Иларион прими и даде прошка од присутните свештенослужители – архиерејските намесници и старешините на Градските цркви од Брегалничката епархија и многуброен верен народ меѓу кои, за прв пат во Брегалничката епархија, присуствуваа сите Градоначалници од доверената Му од Бога Брегалничка епархија и Заменик Министерот за Народна Одбрана г. Емил Димитровски, на кои од страна на Митрополитот, во спомен на проштевањето, им предаде пригоден подарок од книгата за Историјата на Охридската Архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под Турска власт од д – р Јован Белчовски.

 

Присутните гости видно беа трогнати од молитвеното расположение и од чинот на меѓусебното проштевање и изразија желба чинот на проштевањето заеднички да се практикува најизменично и во другите градови во епархијата.

По Светата Литургија, Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Роберт Ѓорѓиев, за званичните гости приреди братска трпеза на љубовта.

 

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt