Тодорова Сабота во Виница

Тодорова Сабота во Виница

На 20. 02. 2010 година, Тодорова сабота, Преп. Партениј еп. Лампсакиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во црквата Св. Архангел Михаил во Виница, отсужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуилјаден народ. Пред Светата Литургија Митрополитит г. Иларион го произведе во чтец богословот Дарко Гоцевски од Блатец – виничко, трета година на Богословскиот факултет во Скопје.

 

На Тодорова Сабота во црквата Св. Архангел Михаил во Виница, како секоја година, според традицијата, така и оваа година беа присутни сите млади брачни парови кои имаат склопено брак во текот на 2009/2010 година при што Митрополитот г. Иларион со пригодни родителски зборови и се обрати на младенците и и подари пригодни подароци.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го причести многуилјадниот православен народ со Телото и Крвта Христови.

По ова Митрополитот г. Иларион, зедно со свештенослужителите, присуствуваше на традационалните Винички Тодорови трки, организирани од Советот и Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев, при што упати пригодни зборови и го поздрави отварањето на овие традиционали и национални настани.

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt