Недела на Православието во Штип

Недела на Православието во Штип

На 21. 02. 2010 година, Прва Недела од Великиот Пост – Недела на Православието, св. вмч. Теодор Стратилат, св. пророк Захариј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отсужи Света Архиерејска Василиева Литургија.

 

Митрополитот г. Иларион во своето празнично пригодно слово укажа на правилното православно живеење на луѓето, чистостата на Православието според учењето на Светите Вселенски Собори и Светите Отци, како и за прославувањето на Неделата на Православието. По тој повод Митрополитот г. Иларион зедно со свештенослужителите празнично изнесоа икони и при тоа се испеја големо славословие и тропарот на Неделата на Православието а за тоа време православниот верен народ се поклонуваа и ги бакнуваа иконите во знак на победа на Православието и враќањето на Светите икони во употреба.

По завршувањето на Светата Литургија Митрополитот г. Иларион ја освети новата помошна трпезарија при Соборниот храм Св. Николај во Штип.

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt