СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Оваа година на празникот Воздвижение на чесниот и животворечки Крст Господов, во Штип имаше организирани манифестации и концерти, за кои, со жал констатиравме дека се со непригоден датум на одржување.

Уште порано, кога дознавме дека во градот се подготвуваат настани кои не се соодветни за посниот карактер на Крстовден, чувствувајќи должност да реагираме, се обративме до Општината на градот Штип со барање, да интервенираат и за планираните манифестации да бидат одредени други денови.

Од нивна страна добивме одговор дека е направен превид во планирањето и одредувањето на термините, со ветување дека наредните години ќе внимаваат и ќе го имаат предвид и црковниот календар при организирањето на такви настани.

Искрено се надеваме дека, во иднина сите ние „подобро ќе го ползуваме времето“ и ќе „распознаваме што е волјата Божја“ (Ефес. 5:16,17) зашто, според зборовите на св. апостол Павле: „оној, што ги разликува деновите, ги разликува за Господа; и кој не ги разликува деновите, за Господа не ги разликува“ (Рим 14:6-9).

Од Кабинетот на Митрополитот Брегалнички г. Иларион