Освет на камен темелник за изградба на манастирска црква посветена на „Св. вмч. Пантелејмон“ на врвот Чавка, на планината Голак во Делчево

image

Освет на камен темелник за изградба на манастирска црква посветена на „Св. вмч. Пантелејмон“ на врвот Чавка, на планината Голак во Делчево

На 03. 06. 2018 година, 1 – ва Недела по Педесетница (на сите светии), „Св. рамноап. цар Константин и царица Елена“, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, а во присуство на голем број православен народ, помеѓу кои и Министерот за Земјоделие при Владата на РМ г. Љупчо Николовски, Градоначалникот на Општина Делчево г. Горан Трајковски, Градоначалникот на Општина Виница г. Ивица Димитров и други јавни личности, освети и постави камен темелник за изградба на манастирска црква посветена на „Св. вмч. Пантелејмон“ на врвот Чавка, на планината Голак во Делчево, ктиторско дело на г. Мите Стојковски, по потекло од Делчево, со неговото семејство.

Изградбата на црквата претставува посебен прилог во одбележувањето во годината кога МПЦ – ОА одбележува 1 000 години на Охридската архиепископија, како и Јубилејот 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, од ктиторот г. Мите Стојковски, по потекло од Делчево, а со место на живеење во Скопје, со неговото семејство.