Храмова слава на црквата во Виница

image

Храмова слава на црквата во Виница

На 21. 11. 2018 година, кога Православната црква го одбележува соборот на св. Архангел Михаил и св. Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во црквата посветена на соборот на св. Архангел Михаил во Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија покрај многубројниот православен народ присуствуваше Градоначалникот на Општина Виница г. Ивица Димитров и г. Горан Ангелов од Виница, ктитор и донатор

на многу цркви во Брегалничката епархија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.