Поуки од Светите Оци
Како почнува и со што се подржува спасоносното покајание?
- Детали
- Родителска категорија: Поуки од Светите Оци
- Објавено: 13 Март 2010
Како почнува и со што се подржува спасоносното покајание?
Покајанието – како што учи преподобен Исаак, се раѓа од вера во праведниот Наградодавач, и се побудува со стравот од неминливиот суд Божји и заслужените маки. Грешникот се вџашува од страшниот удел одреден за непокаените и се решава да се обрати од власта на сатаната, кон Бога, својот Отец. Еве што тогаш, според описот на преподобен Ефрем Сириски, се случува во душата на човекот, кој почнува да се кае:
Повеќе: Како почнува и со што се подржува спасоносното покајание?
Почеток и граница на покајанието
- Детали
- Родителска категорија: Поуки од Светите Оци
- Објавено: 13 Март 2010
Почеток и граница на покајанието
Преподобен Исаак Сириски вака го одредува целиот круг на дејноста на подвижничкото покајание: „Покајанието е втора благодат и се раѓа во срцето од вера и страв. Стравот е родителски стап кој управува со нас, додека не ги достигнеме добрата на духовниот рај, а кога ќе ги достигнеме, тогаш нè остава и се повлекува.
Неопходност од секојдневно покајание
- Детали
- Родителска категорија: Поуки од Светите Оци
- Објавено: 13 Март 2010
Неопходност од секојдневно покајание
Неопходноста од покајание како непрестано очистување на гревовите на совеста е очигледна за секого. Ако во Царството Божјо, според зборовите во Светото Писмо, нема да влезе ништо нечисто (Откр. 21, 27), и бидејќи важи примедбата: Кој од нас, исчистен од нечистотија, макар и еден ден поживеал на земјата
Суштината на подвигот на покајанието
- Детали
- Родителска категорија: Поуки од Светите Оци
- Објавено: 13 Март 2010
Суштината на подвигот на покајанието
Под покајание, како наравствено совршенство и голем подвиг во побожниот живот, светите отци не подразбираат делумно очистување на гревовната совест при исповед, туку нејзино постојано испитување и трајно повикување на милосрдието Божјо, проследено со постојана потиштеност на срцето заради сторените беззаконија.
Што е покајанието според учењето на светите отци?
- Детали
- Родителска категорија: Поуки од Светите Оци
- Објавено: 13 Март 2010
Што е покајанието според учењето на светите отци?
„Отвори ми ја вратата на покајание Животодавче...!“
Почнуваме од учењето на светите отци за покајанието, затоа што од покајанието за порано сторените гревови и почнува новиот, вистински побожен живот на секој христијанин, уште и затоа што покајанието, како подвиг на побожен живот преку кој од Бога се измолува прошка за сите поранешни гревови, често непотполно и неправославно се сфаќа, не само од страна на оние што се каат, туку и од оние што се подготвени да раководат со другите на тој спасоносен пат.