Суштината на подвигот на покајанието

Суштината на подвигот на покајанието

Под покајание, како наравствено совршенство и голем подвиг во побожниот живот, светите отци не подразбираат делумно очистување на гревовната совест при исповед, туку нејзино постојано испитување и трајно повикување на милосрдието Божјо, проследено со постојана потиштеност  на срцето заради сторените беззаконија.

„Покајанието е – вели свети Јован Лествичник – доброволна самоосудувачка  мисла. Покајникот е посрамен осуденик. Покајникот е човек кој самиот си изрекува казна. Покајанието е доброволно трпење на сите маки. Покајанието е постојано одрекување од телесните утехи. Покајанието е силно измачување на стомакот и смирување на душата со силно чувство“ (Лествица, 5 поука).