Неопходност од секојдневно покајание

Неопходност од секојдневно покајание

Неопходноста од покајание како непрестано очистување на гревовите на совеста е очигледна за секого. Ако во Царството Божјо, според зборовите во Светото Писмо, нема да влезе ништо нечисто (Откр. 21, 27), и бидејќи важи примедбата: Кој од нас, исчистен од нечистотија, макар и еден  ден поживеал на земјата

– тогаш како да не се плашиме од зборовите на Судијата Кој сè гледа: „Ако не се покаете, сите така ќе изгинете“ (Лука 13, 3)? „Покајанието е врата на милоста – вели преподобен Исаак – која им се отвора на оние што понизно ја бараат. Низ таа врата влегуваме во милоста Божја. Без овој влез, нема да најдеме милост. Сите, според зборовите на божественото писмо, згрешија...но ќе бидат оправдани преку дар, со Божјата благодат“ (Рим. 3, 23-24) (Сл. 83).