image

На „Светиот Гаврил епископ Велички Светогорец“ во Лесново

На 12. 01. 2018 година, на денот на преселувањето во Царството Небесно на Светиот Гаврил епископ Велички Светогорец – новиот Лесновски чудотворец, чии свети моштии се положени во Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија,

одража содражајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. Свет Владико Наш Гавриле, утеху и радост наша, правило на верата, биди секогаш со нас и кога не каменуваат и распнуваат, како и секогаш сведочи за Нашата Света Црква. Застапувај се омразта и невистината кон нас да се заменат во Соборна Љубов, Едниство и Заедница.