image

Чествување на Свети Гаврил Лесновски и потсриг во расофор во Лесновската обител

По повод Неделата на митарот и фарисејот и празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, на 28. 01. 2018 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија, одража содражајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. Пред Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го потсрижа во расофор искушеникот Марјан, при што му даде монашко име Филотеј.

На Светата Литургија, покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Министерот за Внатрешни работи г. Оливер Спасовски, Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Драган Атанасов, Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев како и други јавни личности.