image

Прославен Празникот Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица во фабриката “Ледер“и доделување на орден „Св. Николај“во Кочани

На 21. 09. 2018 година, на празникот Раѓање на Пресвета Богородица - Мала Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по покана на сопственикот на фабриката “Ледер“ од Кочани г. Драгослав Здравков – Драги Ледер од Кочани, а во присутво на сите вработени, во кругот на фабриката “Ледер“ од Кочани, каде и се наоѓа парклисот посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица, го благослови и пресече празничниот леб и Им го честита Патрониот Празник

на сопственикот и вработените во фабриката „Ледер“ од Кочани. Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликуваше, сопственикот Драгослав Здравков – Драги Ледер од Кочани, со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ кој е еден од големите донатори и помагачи на црквите и манастирите во МПЦ – ОА.