image

На „ Св. Прохор Пчињски“ во Свети Николе

На 01. 11. 2018 година, Св. Прохор Пчински, прен. мошти на св. Јован Рилски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија во старата црква посветна на Светиот отец Прохор Пчински во Свети Николе. Пред, Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец Гордан Алексовски од Свети Николе.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларон одража пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.