image

Богојавление во Кочани

Истиот ден на 19. 01. 2019 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во 12:00 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на многуброен православен народ, Премиерот на РМ г. Оливер Спасовски и Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев, изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст.

Најсреќен од четриесетмината, крстот го фати Горан Зашов, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо - Библија и многубројни награди, Општината Кочани му подари златник со ликот на „Крштевањето на ГИХ“, а од Компанијата „Зегин“ му подарија телевизор./span>