image

Крстопоклона Недела во Радовиш

На 22. 03. 2020 година, трета Недела од Великиот пост – Крстопоклона, Св. 40 – те маченици во Севестија, св. славни 40 – ет битолски преподобнимаченици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Свети пророк Илија“ во Радовиш,

отслужи Света Архиерејска Василијева Литургија. Пред почетокот на Светата Литургија, откако беше изнесен Светиот Крст на средина на црквата, Митрополитот г. Иларион Му се поклони, а по свештенослужителите пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, произнесе пригодна беседа кон присутните верници. /span>