image

Осветување на црква во с. Ратавица - Злетово

На 03. 05. 2015 година, 4 –та Недела на Раслабениот, прпод. Теодор Трихин, св. Анастасиј Синајски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници Брегалничката епарија, по повод 70 годишниот Јубилеј од одржувањето на Првиот Црковен – народен собор во месец Март 1945 г. во Скопје, ја освети новоизградената прва црква посветена на „Св. Троица“ во с. Ратавица – Злетово,

и отслужи Света Архиерејска Воскресенска Литургија. Храмот е изграден со посебно залагање и материјална помош на братството и сестринството од Лесновската обител и православните жители од с. Ратавица. За сите присутни на осветувањето заедничка трпеза на љубовта беше организирана во с. Ратавица.