Осма приградска парохија

Во составот на ова парохија се селата: Долани, Љуботен, Лесковица, Брест, Пиперово.

Парохиски свештеник Атанас Петров, ул. “Христијан Карпош” бр. 64, Штип, тел. 032/383-846; роден на 31. 01. 1968 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 08. 12. 1992 година, а за свештеник на 19. 12. 1992 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Црква “Свети пророк Илија” – Долани. Изградена, осветена и зографисана е 1919 година. Од кого е осветена и зографисана немаме податоци.

Црква “Свети Симеон Столпник” – Долани. Изградена е 1980 година. Не е осветена.

Црква “Отсекување на главата на свети Јован Крстител” – Љуботен. Изградена и осветена 1936 година. Црквата е зографисана. Нема податоци од кого е осветена и зографисана.

Црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Лесковица. Изградена 1867, осветена 1894 година, од кој период се и иконите од непознат автор. Зографисана. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Црква “Свети Атанасие Велики” – Брест. Изградена и осветена е околу 1907 година. Зографисана е, а нема податоци од кого е осветена и зографисана.

Манастир “Свети Пантелејмон” – Брест. Изграден е во 1994 година и осветен истата годна на 15 мај од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Црква “Свети Теодор Тирон” – Пиперово. Изградена е во 19 век, а од кого е осветена не е познато. Во 1912 година е обновена и живописана од непознат автор. Иконите на иконостасот се од 1863 година, исто така од непознат автор.

Манастир “Света Богородица” – Пиперово. Изграден и осветен околу 1930 година.

Црква “Свети Петар и Павле” – Лакавица (во изградба). Камен темелник е поставен на 12. 09. 2004 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Црква “Свети пророк Илија” – Патрик (во изградба). Старата црква е изгорена, има остатоци од објектот и од фрескоживописот. Со благослов на Митрополитот Брегалнички Стефан, отпочната е реставрација во 1988 година.

Манастир “Свети Ѓорѓи” – Загорци. Камен темелник за изградба е поставен во 1993 година, а осветен е на 06. 05. 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Свети Ѓорѓи” – Гарван. Се претпоставува дека црквата е од почетокот на 20 век. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветена.