Злетовска парохија

Парохиска црква “Света Богородица” – Злетово. Во составот на ова парохија се селата: Злетово, Древено, Буниш, Шталковица.

Парохиски свештеник Влатко Мајсторски, Злетово, тел. 032/495-000; 070/778-926; роден на 06. 04. 1967 година во Митрашинци, каде и завршил основно образование, а средно богословско во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 19. 02. 1989 година, а за свештеник на 05. 03. 1989 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Злетово. Се претпоставува дека е изградена во 11 век и бил центар за духовна и културна просвета. Во повеќе наврати во време на турското ропство била оштетувана и повторно обновувана. Не е зографисана, а иконите се од 19 век од Анастасие од Крушево. Не е познато кога е осветена и од кој архиереј.

Гробјанска црква “Свети пророк Илија” – Злетово. Се претпоставува дека е од 20 век. Нема точни податоци за тоа кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Јован Крстител” с. Древено. Изградена е по 18 век. Црквата не е зографисана, а иконите се од 19 век од Дичо зограф и непознати. Не е познато од кого и кога е осветена.

Црква “Свети пророк Илија” – Бунеш.

Црква “Свети Никола” – Шталковица. Нема податоци во кој период се изградени и кога и од кој архиереј се осветени. Црквите не се фрескоживописани.