Парохии при храм Света Богородица - Пробиштип

Парохии при храм “Света Богородица” – Пробиштип. Ул. “Кочо Рацин” бб. тел. 032/483-722; Парохиска црква “Успение на Пресвета Богородица” – Пробиштип. Во составот на ова парохија се селата: Плешенци, Долни Стубол, Горно Барбарево, Кундино, Марчино, Добрево, Пуздерци, Лезово, Трооло, Гајранци, Дренак. Парохиски свештеници: Трајче Станков, старешина, ул. “Борис Крајгер” бр. 18/14, Штип, тел. 032/383-981; 070/770-459; роден на 07. 12. 1969 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно богословско во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 02. 08. 1993 година, а за свештеник на 19. 08. 1993 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Протоереј Бобе Геров, ул. “Никола Карев” бр. 17, Пробиштип, тел. 032/483-741; роден на 16. 09. 1947 година во Стрмош, пробиштипско. Двогодишно богословско образование. Ракоположен во ѓаконски чин на 05. 11. 1969 година, а за свештеник на 14. 11. 1969 од Митрополитот Злетовско - струмички г. Наум.

Свештеник Емил Михајлов, ул. “Кривопаланечка” бр. 4, Штип, тел. 032/385-039; 070/532-902; роден на 19. 11. 1975 во Штип. Средно богословско образование во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 21. 09. 1998 година, од Митрополитот Брегалнички г. Стефан, а за свештеник на 07. 04. 2001 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Пробиштип. Камен темелник за изградба на црквата е поставен на 22. 05. 1983 година од Архиепископот Охридски и македонски г. .г . Ангелариј, осветена е на 02. 10. 1994 година од Архиепископот Охридски и македонски г. г. Михаил и Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите на иконостасот се изработени од зографот Драган Ристевски од Охрид. Црквата не е фрескоживописана.

Манастир “Свети пророк Илија” – н. Калниште – Пробиштип. Камен темелникот за изградба е поставен на 15. 05. 2005 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Манастирот е покриен, измалтарен и во блиска иднина треба да биде осветен.

Црква “Света Петка” – с. Плешенци. Изградена е во 1883 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Црквата не е зографисана, а иконите не е познато од кој период и автор се.

Црква “Свети пророк Еремија” – Долни Стубол. Изградена е во 1936 година, а реновирана и преосветена е во 2003 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Црква “Света Петка” – Горно Барбарево. Нема податоци кога е изградена и од кој архиереј е осветена. Не е зографисана, а нема податоци од кого и од кој период се иконите.

Црква “Отсекување на главата на свети Јован Крстител” - Кундино. Нема никакви податоци.

Црква “Свети пророк Илија” - Марчино. Изградена е во 1812 година, не е познато од кој архиереј и кога е осветена. И за иконите не е познато од кој автори и од кој период се. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети пророк Илија” – Добрево. Изградена е 1938 година, не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Податоци за иконите и зографот нема. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети пророк Илија” – Пуздерци. Изградена е во 1920 година. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Нема податоци за иконите, кога и од кој иконописец се изработени. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети Никола” – Лезово. Нема никакви податоци. Истата не е зографисана.

Црква “Света Троица” – Трооло. Изградена е 1901 година. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Иконите кога и од кој зограф се, исто така не е познато. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети Никола” – Гајранци. Изградена е 1952 година. Не е зографисана. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Манастир “Света Троица” – Дренак. Не е познато кога е изграден и од кој архиереј е осветен.