Грдовска парохија

Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци.

Парохиски свештеник Илчо Миленковски, Кочани; тел. 033/257-053 роден на 18. 03. 1965 година во Кочани, каде завршува основно и средно образование и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 09. 08. 1997 година, а за свештеник на 27. 09. 1997 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Парохиска црква “Света Троица” – Грдовци. Изградбата е отпочната 1932 година, а осветувањето е извршено 1970 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Црквата е фрескоживописана 1998-99 година од зограф Тони од населба Оризари.

Црква “Отсекување на главата на свети Јован Крстител” – Горни Подлог. Изградена е 1942 година, а осветена е 1968 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Покров на Пресвета Богородица” – Долни Подлог. Изградбата е отпочната 1950, а осветена е во 1967 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Свети Кирил и Методи” – Мојанци (во изградба). Камен темелник за изградба е поставен во 1992 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а оваа година треба да биде осветена. Иконите на иконостасот, како и фрескоживописот Ширшаја и Пантократорот ги има насликано Венко Цветков од Скопје.