Делчевско архиерејско намесништво

Архиерејски намесник протоереј Атанас Поповски, ул. “Иво Лола Рибар” 3 од Делчево, работа тел. 033/411-142;

Парохии при храмот “Света Богородица” Делчево, тел. 033/411-142. Во составот на овие парохии влегуваат Делчево и селата: Бигла и Драмче.

Парохиски свештеници:

1. Протоереј Методи Дончовски, старешина на храмот, н. Ѕвегорска река Делчево; тел. 033/410-574; роден на 04. 03. 1949 година во с. Разловци, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 09. 06. 1974 година, а за свештеник на 12. 06. 1974 од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, во протоерејски чин произведен на 01. 04. 2001 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

2. Протоереј Атанас Поповски, ул. “Јане Сандански” 22; тел. 033/412-077; 070/309-065; роден на 27. 09. 1952 година во с. Разловци, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 07. 02. 1975 година, а за свештеник на 16. 02. 1975 од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, во протоерејски чин произведен на 15. 02. 2001 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

3. Свештеник Санде Струков, ул. “Иво Лола Рибар” 3 Делчево; тел. 033/411-399; роден на 05. 03. 1952 година во с. Вирче, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 27. 04. 1979 година, а за свештеник на 01. 05. 1979 од Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор злетовско-струмички Ангелариј.

4. Свештеник Саша Михајловски, ул. “Кеј на Брегалница” 1/1/7 тел. 070/807-936; роден на 19. 09. 1973 година во с. Жељувино-кумановско, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 19. 01. 2007 година, а за свештеник на 14. 01. 2007 од Митрополитот Брегалнички Иларион.

Парохиски храм “Света Богородица” Делчево. Изградена е во 19 век, а кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Иконите се од 19 век од зограф Димитрие Андонов, Глигорие Пецановиќ и други непознати автори. Нема фрескоживопис.

Манастир “Света Богородица” – Балаклија. Изграден е во 1915 година, од слаб материјал. На 06. 06. 1999 година е осветен и поставен камен темелник од Митрополитот Брегалнички Стефан и манастирот од темел е изграден повторно од цврст материјал, а осветен е на 19. 09. 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Иконите и фрескоживописот на манастирот се од зографот Драган Ристевски од Охрид.

Манастир “Покров на Пресвета Богородица”. Изграден е во 1920 година и целосно возобновен во 1990 година. Не е осветен, нема фрескоживопис и икони.

Црква “Свети вмч. Ѓеорѓи” – Бигла. Изградена е во 1910 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Поради руинираност црквата е срушена и во тек е постапка за изградба на нова црква. За иконите нема податоци.

Црква “Свети Архангел Михаил” – Драмче. Се претпоставува дека е градена при крајот на 17 или во почетокот на 18 век. Престолните икони се дело на зографот Глигорие П. од Струмица. Црквата била целосно фрескоживописана во 18-19 век, но од пожар фрескоживописот е уништен. Од кој архиереј и кога е осветена нема податоци.