Зрновска парохија

Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Зрновци, Мородвис и Видовиште.

Парохиски свештеник: Климент Мишањ, ул. “Марксова” 10, Виница; тел. 033/364-488; 070/459-570; е-маил: климентмисанјЖѕахоо.цом роден на 02. 07. 1972 година во Штип, средно образование завршил во Кочани и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 18. 05. 2003 година, а за свештеник на 30. 01. 2005 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. Парохиска црква “Свети Димитриј” – Зрновци. Изградена е во 18 век. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Фрескоживописот е од 1937 година од непознат зограф, иконите се од 19 век од непознат автор.

Манастир “Свети Симеон Столпник” – Мородвис. Изграден и осветен е во 1968 година од Митрополиот Злетовско-струмички Наум. Во 2002 година е обновен. Иконите и фрескоживописот се изработени од Валентин Ѓуровиќ и Ангел од Кочани.

Црква “Вознесение Христово” – Видовиште. Изградена и осветена е во 1983 година од Епископот Тивериополски Горазд. Не е фрескоживписана.

Манастир “Света Петка” – Видовиште. Манастирот е од поново време, изграден е во 1988 година и осветен на 02. 10. 1988 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.