Звегорска парохија

Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Ѕвегор, Град, Селник, Габрово.

Парохиски свештеник Александар Васев, ул. “Даме Груев” бр. 11, Делчево; тел. 033/412-856; 070/370-166; роден на 30. 01. 1979 година; средно Богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 18. 07. 2004 година, а за свештеник на 02. 08. 2004 од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Парохиска црква “Свети Јован Крстител” – Ѕвегор (во изградба). Камен темелник за изградба е поставен на 02. 08. 2001 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Параклис “Свети пророк Илија” – Ѕвегор. Камен темелник е поставен на 02. 08. 1990 година, а осветен е на 15. 09. 1991 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Не е зографисан.

Црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Град. Изградена е 1858 година, а во 1904 година е срушена од земјотрес и повторно изградена. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од зограф Гаврил од 19 и 20 век. Не е фрескоживописана.

Црква – капела “Свети Архангел Михаил” – Град (во изградба). Камен темелник за изградба е поставен на 08. 09. 2005 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Црква “Света преподобна Параскева” – Селник. Точни податоци за изградбата на црквата нема. Според трите слоја на фрескоживопис, од кој првиот е од 13, 14 век, се претпоставува дека и црквата е од 14 век. Иконите се од 1906 година од зограф Гаврил.

Црква “Свети Димитриј” – Габрово (во изградба). Камен темелник е поставен на 11. 10. 2005 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.