Ињевско-конченска парохија

Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Ињево, Дедино, Ракитец, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ, Габревци, Лубница, Конче.

Парохиски свештеник Златко Пуреовски, ул. “Самуилова” бр. 10, Радовиш; тел. 032/632-531; 075/488-059; роден на 26. 04. 1969 година во Будинарци - беровско; средно Богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 12. 07. 1994 година, а за свештеник на 09. 08. 1994 од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Парохиска црква “Вознесение Христово” – Ињево. Изградена е во 1872 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор. Црквата не е зографисана.

Црква “Рождество на Пресвета Богородица” – Ињево. Камен темелник за изградба е поставен во 1991 година, а осветена е во 1992 година од Митрополитот Струмички Горазд.

Манастир “Света Петка” – Ињево. Камен темелник за изградба е поставен во 17. 11. 1994 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветена е на 22. 10. 1995 година од Митроплитот Брегалнички Сефан. Иконите се од зограф Стефан од Охрид.

Манастир “Свети Архангел Михаил” – Ињево. Камен темелникот е поставен на 27. 04. 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветен е на 20. 10. 2002 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Не е фрескоживописан. Престолните икони се од монахиња Макрина од манастирот “Свети Архангел Михаил” во Берово, а останатите икони се од зограф Тони од Радовиш.

Црква “Свети Николај” – Дедино. Изградена е во 1910 година од мајстор Стоилов од малешевско. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор.

Црква “Рождество на Пресвета Богородица” – Ракитец. Изградена е во 1939 година. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Зографисана е од извесен зограф аматер од Скопје.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Долни Липовиќ. Изградена е во 1947 година, осветена е на 21. 04. 1991 година од Митрополитот Струмички Горазд. Зографисана е од аматер зограф од Скопје.

Црква “Св. вмч. Ѓорѓи” – Горни Липовиќ. Изградена е во 1877 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор.

Црква “Св. цар Константин и царица Елена” – Лубница. Изградена е во 1840 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Не е зографисана.

Манастир “Свети архиѓакон Стефан” – Конче. Изграден е во 1366 година од војвода Никола Станоевиќ. Кога и од кој архиереј е осветен не е познато. Првиот фрескоживопис е извшен по изградбата, односно до 1371 година, од кој има сочувано мал дел. Вториот фрескоживопис е од 18 и 19 век. Иконите се од Папрадишки и Вангелов од 1921, 1922 година.

Параклис “Света маченица Марина”. Изграден од лицето Митко Атанасов од Габревци. Осветен е на 30. 07. 2005 година.