Облешевска парохија

Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Облешево, Тркање, Теранци, Чифлик, Борилчево.

Парохиски свештеник Васо Николовски, Облешево; тел. 033/351-319; 070/805-767; роден на 06. 03. 1965 година во Штип, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 06. 06. 1991 година, а за свештеник на 12. 07. 1991 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Парохиска црква “Света Недела” – Облешево. Изградена и осветена во 1976 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Свети Никола” – Тркање. Изградена е во 1830 година, а од кого и кога осветена не е познато. Фрескоживописот е од 1868 година, иконите се од 19 век, од непознат зограф.

Манастир “Свети Ѓорѓи” – Тркање. Изграден и осветен е во 1975 година од Митрополитот Злетовско – струмички Наум.

Црква “Свети Атанасие Велики” – Теранци. Црквата е изградена 1973 година и осветена во 1977 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Поради руинираност, во моментов се врши санација.

Параклис “Успение на Пресвета Богородица” - Чифлик. Во изградба. Камен темелникот е поставен на 24. 02. 1992 година, од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Свети Наум Охридски” - Чифлик (во изградба). Камен темелник е поставен на 26. 01. 2004 година.

Црква “Света Богородица” – Борилчево. Црквата е од 12 век, иконите и фрескоживописот се од непознат автор.