Ораовичко-воиславска парохија

Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Ораовица, Воиславци, Сулдурци, Калугерица, Погулево и Тополница.

Парохиски свештеник Стојанче Илиев, ул. “Гоце Делчев” бр. 89, Радовиш; тел. 032/633-799; 071/204-701; роден на 15. 01. 1978 година; средно Богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 31. 01. 2002 година, а за свештеник на 14. 04. 2002 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Свети Атанасие Велики” – Ораовица. Камен темелник е поставен на 02. 07. 1988 година, осветена е на 15. 05. 1998 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Иконите се од 1995 година, дело на зографот Драган Ристовски од Охрид.

Манастир “Св. вмч. Ѓорѓи” – Ораовица. Нема податоци кога е започната изградбата, а осветен е на 26. 10. 1980 година од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд. Иконите се од 1980 година од иконописецот Дончо од Секирник. Не е фрескоживописана.

Црква “Св. вмч. Ѓорѓи” – Воиславци. Изградбата е започната 1883 година, а кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Иконите на иконостасот се изработени 1919 година од зограф Гаврил Атанасов од Берово. Не е фрескоживописана.

Манастир “Успение на Пресвета Богородица” – Воиславци. Камен темелник за изградба е поставен во 1968 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, а осветен е 1980 година од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд. Иконите се од 1975 година, дело на зограф Дончо од Секирник. Не е фрескоживописан.

Манастир “Свети Јован Крстител” – Воиславци. Камен темелникот за изградба е поставен во 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветен е на 18. 09. 2005 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Иконите се од зографите Крсто Тарабунов, Тони и Ромео од Радовиш. Манастирот не е фрескоживописан.

Манастир “Свети пророк Илија” – Воиславци. Камен темелник за изградба е поставен на 19. 09. 2002 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Осветен е на 22. 04. 2007 година од Митрополиотот Брегалнички Иларион. Иконите се од зограф Тони од Радовиш.

Црква “Св. вмч. Ѓорѓи” – Калугерица. Камен темелник за изградба е поставен 1974 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, а осветена е на 01. 11. 1980 година, од Епископот Тивериополски и администратор злетовско-струмички Горазд. Иконите се изработени во 1975 година од иконописецот Дончо од Секирник.

Црква “Воснесение Христово” – Погулево. Се претпоставува дека изградбата е започната околу 1940 година, а осветена е 1985 година, од Епископот Тивериополски и администратор злетовско-струмички Горазд. Иконите се од иконописците Гаврил Атанасов од Берово, Дончо од Секирник и Васе Аџов од Велјуса. Црквата не е фрескоживописана.