Парохии при храмот “Свети пророк Илија” – Македонска Каменица

Парохии при храмот “Свети пророк Илија” – Македонска Каменица. тел. 033/432-009.

Парохиски свештеници:

1. Свештеник Димитар Темелков, старешина на храмот, тел. 070/611-679; роден на 20. 04. 1957 година во с. Тработивиште, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 11. 09. 1983 година, а за свештеник на 17. 09. 1983 од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд.

2. Свештеник Ванчо Џаџовски, тел. 033/432-373, 071/940-121; роден на 15. 05. 1969 година во с. Разловци, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 02. 08. 1997 година, а за свештеник на 14. 01. 1998 од Митрополитот Брегалнички Стефан.

3. Свештеник Николчо Воиновски, тел. 070/752-588; роден на 18. 03. 1979 година, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 09. 04. 2006 година, а за свештеник на 24. 05. 2006 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Свети пророк Илија” – Македонска Каменица. Изградена е во 1860 година. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Иконите се од 19 век од непознати автори. Не е фрескоживописана.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Македонска Каменица (во изградба). Камен темелник за изградба е поставен на 28. 08. 1999 година од Митроплитот Брегалнички Стефан. Црквата е изградена, измалтарена, во моментов се работи на ентериерното и дворното уредување и во блиска иднина треба да биде осветена.

Манастир “Свети Ахангел Михаил” – Саса. Изграден е во 20 век. Руиниран и со благослов на Митрополиотот Брегалнички Стефан целосно е возобновен и во блиска иднина треба да биде осветен.