Подарешка парохија

Подарешка парохија. Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Подареш, Јаргулица, Покрајчево, Злеово и Смиљанци.

Парохиски свештеник Зоран Стојанов, Подареш, Радовиш; тел. 032/641-483; 070/515-692; роден на 15. 01. 1966 година; средно Богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 19. 07. 1986 година, а за свештеник на 20. 07. 1986 од Митрополитот Брегалнички Стефан. Парохиска црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Подареш. Изградбата е почната во 1944 година, а осветена во 1980 година од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд. Иконите на иконостасот се од зограф Дончо од Секирник. Не е зографисана.

Параклис “Свети Димитриј” – Подареш (во изградба). Камен темелник е поставен на 12. 07. 2001 од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Во најскоро време треба да биде осветен.

Црква “Свети Ѓорѓи” - Покрајчево. Изградбата е започната во 1936 година, а осветена е во 1937 година. Не е познато кога и од кој архиереј.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Злеово. Камен темелник е поставен на 12. 07. 1971 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, а осветена е на 22. 09. 1997 година, од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Свети Димитриј” – Смиљанци. Нема точни податоци кога е започната, кога е изградена и кога и од кој архиереј е осветена. Се претпоставува дека изградбата и осветувањето е по 1920 година.