Радовишко архиерејско намесништво

ВД Архиерејски намесник свештеник Иван Стојменов, Радовиш, работа тел. 032/633-589;

Парохии при храмот “Свети Илија” Радовиш, ул. “Гоце Делчев” бб, тел. 032/633-589. Во составот на овие парохии влегуваат Радовиш и селото Раклиш.

Парохиски свештеници:

1. Свештеник Иван Стојменов, старешина на храмот, ул. “Самулова” 49/13 Радовиш; тел. 032/631-922; 070/222-272, роден на 19. 01. 1972 година во с. Јакимово, средно образование завршил во Виница, а дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 01. 17. 2001 година, а за свештеник на 08. 01. 2002 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

2. Свештеник Стојан Јановски. ул. “Маршал Тито” 208 Радовиш; тел. 032/631-497; 070/510-806, роден на 06. 10. 1963 година, средно Богословско образование во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 28. 08. 1985 година, а за свештеник на 08. 09. 1985 од Епископот Тивериополски и администратор злетовско-струмички Горазд.

3. Свештеник Гоце Младеновски, ул. “Кузман Јосифовски Питу” 3, Радовиш; е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; www.popgoce.com; тел. 032/633-269; 071/239-124, роден на 13. 03. 1973 година, средно Богословско образование во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 10. 04. 1994 година, а за свештеник на 24. 04. 1994 од Митрополитот Брегалнички Стефан. Во протоерејски чин произведен на 07. 08. 2002 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

4. Свештеник Марјан Јанковиќ, место на живеење храм “св. Пророк Илија” Радовиш; тел. 032/632-520; 075/604-540, роден на 14. 07. 1974 година во Радовиш, средно Богословско образование во МПБ Скопје, дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 19. 12. 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а за свештеник на 14. 02. 2001 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Свети Илија” – Радовиш. Изградена е во 19 век, односно од 1831 до 1859 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор. Иконостасот делумно е изработен во длаборез, а на царските врати, кои исто така се во длаборез е забележано дека се изработени во 1843 година. Црквата нема фрескоживопис.

Манастир “Света Троица” – Радовиш (во изградба). Камен темелник е поставен на 01. 09. 2002 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Црква “Света Троица” – Радовиш. Камен темелник е поставен на 29. 04. 1997 година, а осветен е на 12. 10. 2003 година, од Архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан со сите архиереи на МПЦ. Ктитор е г. Ристо Гуштеров. Иконите на иконостасот се на Кал’чев од Гевгелија, а фрескоживописот е дело на светски познатите мајстори од Украина: Димитри Нагурни, Владимир Недајборч, Виктор Блинов, Јура Левченко, Владимир Цах, Владимир Бовхун, Лариса Мишченко, Ѓеорги Журавски. Резбата е на тајфата на Владимир од Галич, Украина.

Црква “Свети цар Конастантин и царица Елена” – Раклиш. Изградена е од извесен ктитор Тодор од с. Раклиш, во 19 век (1857). Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите исто така се од 19 век од повеќе автори (Васил од Струмица, Григорие, Андон од Гари). Нема фрескоживопис.