Трботивишка парохија

Трботивишка парохија. Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Трботивиште, Разловци, Вирче, Стар Истевник, Нов Истевник и Стамер.

Парохиски свештеник Васко Шонтевски, с. Трботивиште; тел. 070/522-674; роден на 27. 07. 1968 година во Ратево – беровско. Средно богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 08. 11. 1992 година, а за свештеник на 09. 11. 1992 од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Парохиска црква “Успение на Пресвета Богородица” – Тработивиште. Изградбата е започната во 1970 година, на темели од стара црква, а завршена е во 1973 година и тогаш е осветена од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Иконите се од 19 век од непознат автор. Не е зографисана.

Црква “Свети цар Константин и царица Елена” – Разловци. Изградена е во 1850 година. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Зографисана во целост од непознат зограф. Иконите се од 19 век од Глигорие П, Василак зограф и непознати автори.

Црква “Свети Никола” – Вирче. Изградена е во 1857 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети Никола” – Стар Истевник. Изградена е во 1857 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од зограф Глигорие П. Не е зографисана.

Црква “Свети Атанасиј” – Нов Истевник. Изградена е во 1936 година. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Иконите се од 20 век од зограф Гаврил Атанасов. Не е зографисана.

Манастир “Свети Пантелејмон” – Голак. Изграден е од 1936 до 1940, од слаб материјал. Не е осветен.