„Св. вмч. Димитриј“ – Патрон и Заштитник на Општина Зрновци

image

„Св. вмч. Димитриј“ – Патрон и Заштитник на Општина Зрновци

На 08. 11. 2017 година, Св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, Патрон и Заштитник на Општина Зрновци, во истоимената црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одража содржајна пригодна беседа,

го благослови и пресече празничниот леб и Им го честита, „Св. вмч. Димитриј Солунски“, Патрон и Заштитник на сите граѓани и присутни во Општина Зрновци.