„Св. Иларион еп. Мегленски“ - Именден на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион

image

„Св. Иларион еп. Мегленски“ - Именден на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион

03. 11. 2017 година, Св. Иларион еп. Мегленски, препод. Иларион Велики - Именден на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновската обител отец Дамаскин со братството, отслужи света архиерејска литургија. На крајот од литургијата, во чест на именденот на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Архимандритот отец Дамаскин го благослови и пресече имендескиот колач. Од името на преподобното

монаштво, свештенство, сиот клир и верните чеда во Богомдарованата Ви епархија Брегалничка Ви го честитаме Именденот Високопреосвештени Владико. На Многаја Лета!!!