Пет години од оветувањето на манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – Радовиш

image

Пет години од оветувањето на манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – Радовиш

На 26. 11. 2017 година, 25 – та Недела по Педесетница, Св. Јован Златоуст, преп. мч. Дамаскин, во годината кога МПЦ – ОА го одбележува 50 – годишниот јубилеј од возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како МПЦ – ОА како и пет години од осветувањето на манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – Радовиш, чиј што ктитор е г. Николајчо Николов со неговото семејство и пријатели, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија

и одража пригодна беседа. На крајот од Светата Литургија, ктиторот г. Николајчо Николов на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Му подари уметничка творба со мотив „Крст со Распетие“ од манастир „Св. вмч. Георгиј“ – Полошки.