Крстопоклона Недела во Радовиш

На 07. 03. 2010 година, трета Недела од Великиот пост – Крстопоклона, св. мч – ци во Евгенија, св. Папиј Ераполски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларон, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на Свети пророк Илија во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Василијева Литургија.

Пред почетокот на Светата Литургија, откако беше изнесен Светиот Крстот на средина на црквата, Митрополитот г. Иларион Му се поклони, а по свештенослужителите пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа кон присутните верници.

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt