Благoвештение во Ново Село – Штип

image

Благoвештение во Ново Село – Штип

На 07. 04. 2017 година – Свето Благовештение, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Златоустова Литургија и одража пригодна беседа. Пред Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец богословот и теолог Слаѓан Ивановиќ од Штип.

На Светата Литургија, покрај многубројниот народ, присуствуваше и Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р г. Илчо Захариев.