ПОКАНА

image

ПОКАНА

Православната Брегалничка епархија, по повод 50 годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и впишувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите, ќе чествува на 27 и 28.05.2017 година. Свеченостите ќе се одржат во Соборниот храм Св. Никола – во Штип Прославата ќе започне на 27.05.2017 година во 18:00 часот со започнување на вечерната богослужба на која ќе чиноначалствува неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Следниот ден 28.05.2017 година во 08:15 часот ќе бидат донесени моштите на епископот Велички Гаврил Светогорец. Светата Архиерејска литургија ќе започне во 09:00 часот со која ќе началствува Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ. На светата Литургија ќе биде објавена Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква за впишување во списокот на светиите на Епископот Велички Гаврил Светогорец . Светите мошти на Епископот Гаврил ќе бидат изложени во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип.