Вечерна во храмот „Св. Николај“ во Штип

image

Вечерна во храмот „Св. Николај“ во Штип

На 27. 05. 2017 година, Недела 7 на Воскресението на Светите Отци, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА и канонизацијата на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Архимандритот и игумен на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештенослужители на МПЦ – ОА, отслужи воскресенска вечерна богослужба и одража пригодно слово. После вечерната богослужба, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, ја отслужи последната Панихида на Светиот Гаврил Епископ Велички Светогорец,

и направи помен на првиот Митрополит Злетовско – струмички г. Наум од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА.