Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица - производство во протоерејски чин во штипско Ново Село

image

Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица - производство во протоерејски чин во штипско Ново Село

На 21. 09. 2017 година, на празникот Раѓање на Пресвета Богородица - Мала Богородица, во храмот посветен на Нашата Мајка Пресвета Богородица во штипско Ново Село, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Американско – канадската епархија и Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во протоерејски чин свештеникот Александар Денков од Штип,

старешина на храмот „Св. Богородица“ во Ново Село во Штип и одража содражајна беседа. Непрестајно низ текот на целиот ден верниците доваѓаа да се поклонат и помолат на Мајката Божја Пресветата Владичица Наша Богородица.