Осветување на новоизградениот храм посветен на „Св. ап. и ев. Лука“, во Виница

image

Осветување на новоизградениот храм посветен на „Св. ап. и ев. Лука“, во Виница

На 07. 10. 2017 година, Св. првомч – чка и рамноапостолна Текла Иконска, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички Неговото Високопреосвештенство г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин, Игуменот Агатон и свештеници од МПЦ – ОА, во годината кога МПЦ – ОА го одбележува 50 – годишниот јубилеј од возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како МПЦ – ОА, го освети новоизградениот храм, посветен на „Св. ап. и ев. Лука“, во Виница и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Пригодна беседа одража Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, по што г. Горан Ангелов од Виница, еден од големите донатори на црквата „Св. ап. и ев. Лука“ како и на други цркви во Општина Виница, од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА, го одликувше со златен Свети Климентов орден од 1 ред. Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го одликуваше протоереј – ставрофорот Бранко Богданов, старешина на храмот, со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ и на сите помагачи и дарители Им додели Благодарници. За сите присутни во хотелот „Центробизнис“ во Виница беше организирана заедничка трпеза на љубовта.