Вечерна и промоција на книгата “100 – години од постоењето на црквата Св. вмч. Георгиј“ во Кочани

image

Вечерна и промоција на книгата “100 – години од постоењето на црквата Св. вмч. Георгиј“ во Кочани

На 18. 11. 2017 година, 24 – та Недела по Педесетница, св. Павле Цариградски, преп. Варлаам Чудотворец, во годината кога МПЦ – ОА го одбележува 50 – годишниот јубилеј од возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како МПЦ – ОА, и 100 – години од осветувањето на храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, по кој повод беа донесени, од Лесновскиот манастир, дел од моштиите на „Св. Гаврил Епископот Велички – Светогорец“, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на парохиските свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во храмот посветен на „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи воскресна вечерна богослужба.

Истата вечер и во истиот храм, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, присуствуваше на промоцијата на книгата “100 – години од постоењето на црквата Св. вмч. Георгиј во Кочани“ од авторите м – р Љубица Ајтовска и Илинка Атанасова, чиј промотор беше м – р проф. Александар Атанасов. По промоцијата свое излагање имаше старешината на храмот прота – ставрофор Станчо Ристов, свој говор одража Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев, а пригодна поздравна беседа одража Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион.