Литургија и производство во протоерејски чин во Кочани

image

Литургија и производство во протоерејски чин во Кочани

На 09. 12. 2017 година, преп. Алимпиј Столпник, св. вмч. Георгиј, св. Стилијан, Неговото Високпреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот посветен на Св. вмч. Георгиј во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во протоерејски чин свештеникот Звонко Мишовски од Кочани.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одража пригодно слово и го благослови и пресече славскиот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштиите на Св. вмч. Георгиј Победоносец кои беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Кочани.