Вечерна и Духовна Академија по повод „Св. Николај Чудотворец“ во Свети Николе

image

Вечерна и Духовна Академија по повод „Св. Николај Чудотворец“ во Свети Николе

На 18. 12. 2017 година, на празникот на Светиот Николај Чудотворец, Патрон и Заштитник на градот Свети Николе, по кој повод Митрополитот Брегалнички г. Иларион донесе на поклонение дел од моштите Светиот Николај Чудотворец кои се чуваат во манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново, и во сослужение на свештеници од Свети Николе, во храмот кој го носи името на Светиот Николај Чудотворец, отслужи празнична вечерна богослужба. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на „Св. Николај Чудотворец“ и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одража содражајна беседа.

Истиот ден, по повод Патронот и Заштитникот на градот Свети Николе „Светиот Николај Чудотворец“, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, присуствуваше на Свечената седница на Советот на Општина Свети Николе при Општинската сала. Истотака, во 19 часот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, присуствуваше и на Духовната Академија која се одража при Славјанскиот Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. На академијата свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Сашо Велковски кој по повод празникот на Градот додели награди на најзаслужните граѓани за афирмација на Градот Свети Николе и Р Македонија. На Духовната академија свој настап имаше Мандолинскиот Светиниколски оркестар.