Чествување на Светиот Николај, Патрон и Заштитник на градот Штип

image

Чествување на Светиот Николај, Патрон и Заштитник на градот Штип

На 19. 12. 2017 година, на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип и Брегалничката епархија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија и одража содражајна пригодна беседа. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштите на Светиот Николај Чудотворец

кои беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Штип. По празнично слово, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Мирополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски, свештенослужителите и многубројниот православен народ, извршија Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благослови и пресече славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одража пригодна беседа. Истотака свој говор имаше и Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски кој на сите граѓани Им го честита Патронот и Заштитникот на градот Штип.