ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

image

ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

На 07. 01. 2018 година, кога Православна Црква го празнува Рождеството Христово – Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, отслужи Божикна Света Василијева Архиерејска Литургија. На Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ кој се причести со Телото и Крвта Христови.

Исто така на Светата Литургија присуствуваше и Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски како и други личности од јавниот и приватниот сектор. На светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион им го честита големиот Празник на верниците со пораката: ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!