Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во Радовиш

image

Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во Радовиш

На 09. 01. 2018 година, на празникот на Св. архиѓаконот и првомаченикот Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Св. пр. Илија“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе содражајна и поучна беседа.