Децата во посета кај Митрополитот Брегалнички г. Иларион по повод Рождеството Христово – Божик

image

Децата во посета кај Митрополитот Брегалнички г. Иларион по повод Рождеството Христово – Божик

По повод Празникот Рождество Христово – Божик, деца од Детската градинка „Вера Циривири Трена“ од Штип, во Митрополијата во Штип, го посетија Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, и Му го честитаа Празникот Рождеството Христово – Божик со произнесување на повеќе песнички во чест на Христовото Раѓање.

Митрополитот Брегалнички г. Иларион им го честита големиот Празник Христовото Раѓање и ги дарува со Божиќни паќетчиња.