Храмова слава на манастирот на Пониква - Кочани

image

Храмова слава на манастирот на Пониква - Кочани

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Обрезание Господово, Св. Василиј Велики и Нова Година, на 14. 01. 2018 година, на Осоговските планини, во месноста Пониква, во манастирот посветен на Св. Василиј Велики, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев, донаторите и многубројниот православен народ, а во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Василијева Литургија.

На Светата Литургија Мирополитот г. Иларион одржа пригодна празнична беседа, го благослови почетокот на Новата Година и го благослови и пресече празничниот леб во чест на Св. Василиј Велики.